Австралискиот регулатор ја изрече првата казна за истакнување еколошки прифатливи инвестиции, заклучувајќи дека енергетската компанија Тлоу Енерџи ги доведува во заблуда инвеститорите со тврдења за новиот „зелен“ проект за производство на струја.

„Тлоу Енерџи“ мора да плати казна од 53.280 австралиски долари или 34.600 американски долари, затоа што тврдеше дека струјата што ќе ја произведе ќе биде јаглеродно неутрална.

Регулаторот оценил и дека компанијата ги доведува во заблуда инвеститорите со тврдењата дека нејзиниот проект за производство на струја во термоелектрана на гас ќе испушта малку штетни гасови.

„Гринвашинг“ е практика на погрешно претставување на влијанието на инвестициите и финансиските производи врз животната средина.

„Тлоу Енерџи“ соопшти дека смета оти нема прекршено ниту еден пропис, но, се согласи да ја плати казната одредена од регулаторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.