Австралија испраќа 20 оклопни транспортери „Бушмастер“ во Украина за да и помогне во борбата против руските сили. Конвојот ремонтирани транспортери од Бризбејн ќе биде транспортиран со авион C-17 Глоубмастерс.

Оклопните возила се обоени во маслинесто зелена боја, а на нив е нацртано знамето на Украина со шаблони на секоја страна и натпис „Обединети со Украина“ на англиски и украински јазик.

Австралискиот премиер, Скот Морисон, изјави дека борбата на Украина била важна затоа што, како што оцени, не биле во прашање само животите на Украинците и нивната земја, туку и принципите на слободата и владеењето на правото.

Испраќањето на оклопни транспортери доаѓа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски, во обраќањето пред австралискиот парламент минатата недела побара натамошна воена помош, вклучително и возила „Бушмастер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.