Австралија воведе финансиски санкции насочени кон 14 руски државни компании, вклучително и компании вклучени во одбранбениот сектор, како што е производителот на камиони „Камаз“, и бродоградежните компании „СЕВМАШ“ и „ОСК“.
Санкциите ќе бидат проширени и на „Роселектроникс“, која е одговорна за производство на околу 80 отсто од сите руски електронски компоненти, како и кон Руските железници – се вели во соопштението на австралискиот министер за надворешни работи, Марис Пејн, пренесува „Ројтерс“.
Австралија досега санкционираше околу 600 руски физички лица и субјекти, вклучувајќи го и најголемиот дел од рускиот финансиски и банкарски сектор.
Официјална Канбера, исто така, ја снабдува Украина со одбранбена опрема и испраќа хуманитарна помош, а го забрани извозот на алуминиум и неговите руди, вклучително и боксит, во Русија, наведува британската агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.