Авион на Визер од Белград за Базел бил пренасочен и слетал на аеродромот во Фридрихсхавен, во германската покраина Баден-Виртемберг, јави Н1.

На сајтот на белградскиот аеродром, пишува дека авионот Ербас 327 за Базел тргнал во 12.47 часот, додека на сајтот на аеродромот во Базел пишува дека авионот е „пренасочен“.

Во текот на летот патниците добиле информација од пилотот дека во Базел добиле дојава за поставената бомба .

Патниците од Белград кои полетаа од аеродромот Никола Тесла, безбедно слетаа на алтернативен аеродром кој се наоѓа на околу 150 километри од Базел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.