Центарот на Трст беше поплавен откако силен дожд и невреме го погодија овој североисточен италијански пристанишен град, а невремето потоа се префрли во соседна Словенија, каде поради поплавите во неколку области мораа да интервенираат пожарникарски екипи. Евидентирани се и прекини во електричната енергија, јавува „24сата“.
The impressive effects of the powerfull storm arrived in the town of Trieste few minutes ago.
Strong horizontal wind gusts due to the downdraft and heavy rain. Small hail also reported and extremely high rate of lightnings. pic.twitter.com/ZPiCaSOZ6W
— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) August 28, 2023
Многу граѓани и туристи во Трст се засолниле во угостителските објекти на и околу крајбрежниот плоштад „Италијанско единство“.
Ветровите однесоа многу маси и друг мебел од кафулињата на отворено.
Невремето во рок од само 20 минути исфрли огромно количество вода врз центарот на градот, по што небото се расчисти.
Северна Италија и денеска се соочува со многу силно невреме, што почна за време на викендот, со многу провинции погодени од дождови, грмотевици, силни ветрови и лизгање на земјиштето, меѓу другите екстремни случаи.
Висок водостој е забележан и во Венеција, која се наоѓа појужно.
Од другата страна од земјата, во северозападната провинција Пиемонт, пожарникарите и полицијата мораа да интервенираат со плуг за да ослободат неколку автомобили заробени во снегот во планинскиот премин Коле Дел Анџело, во близина на градот Кунео, на границата меѓу Италија. и Франција.
Oggi a mezzogiorno pipggia intensa a #trieste. E continua … pic.twitter.com/1SOF0IaydV
— LordFanna (@Sir_Fantuz) August 28, 2023
Повредени нема, возилата подоцна се спуштиле во долината, а патот се уште е затворен.
Критична е ситуацијата и во Ломбардија на северот, каде поради делумни поплави се евакуирани десетина лица.
Екстремните временски услови го нарушија и националниот сообраќај, а државниот патен оператор Анас најави затворање на три главни патишта во северните провинции Ломбардија и Пиемонт.
Управата за заштита и спасување на Република Словенија извести дека пожарникарите морале да интервенираат околу пладне поради поплави во областите на Толмин, Нова Горица, Загорје об Сава, Лашко, Велење и Целје, пишува словенечката агенција СТА.
A #Trieste si chiama “neverin” ⛈️ quando arriva dal mare pic.twitter.com/5lKWhrjpuk
— Giulio GMDB 🐢☀️ (@gmdb) August 28, 2023
Прекини на струја се забележани во словенечкото приморје, а невреме со град е регистриран во градот Ајдовшчина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.