Англиски министри потврдија дека планираат да ја забранат употребата на мобилни телефони во училиштата. Објавија упатства за директорите, пренесува „Гардијан“. Упатствата им дозволуваат на училиштата различни начини да ја спроведат забраната, вклучувајќи учениците да ги остават мобилните телефони дома, да ги чуваат во шкафчиња или да ги остават исклучени.

Според податоците на Офком, 97 отсто од 12-годишниците имаат паметен телефон. Паметните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците, а поради нивната распространетост, децата кои ги немаат може да бидат малтретирани, што врши притисок врз родителите, пишува „Гардијан“.

Во интервјуа каде што зборува за планот, Џилијан Киган, министерот за образование, рече дека министерството за образование се консултирало со наставниците и верува дека насоките ќе доведат до целосна забрана за телефоните и ќе испратат јасна порака за доследност.

„Училиштата се таму каде што децата учат, а мобилните телефони само го одвлекуваат вниманието. На наставниците им даваме алатка за подобрување на однесувањето на учениците, што ќе ја олесни наставата“.

Упатството не е законско решение, но им нуди на училиштата различни начини за спроведување на забраната, почнувајќи од наредба да се остават сите телефони дома, до предавање при пристигнување или чување во недостапни шкафчиња или дозволување на учениците да ги чуваат под услов тие да не се користат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.