Претставникот на украинското претседателство, Андриј Јермак, изјави дека економија на Русија ќе биде уништена со претстојното ограничувања на цената на руската нафта на 60 долари за барел, според договорот што го постигнаа земјите од ЕУ, Г7 и Австралија.
Ние секогаш ја постигнуваме нашата цел и руската економија ќе биде уништена и ќе плати, ќе одговара за сите свои злосторства, напиша Јермак на Телеграм.
Тој додаде дека цената на нафтата требало да се ограничи на 30 долари за барел за „побрзо да се уништи Русија“.
Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, што е клучен чекор во опсегот на западните санкции, кои имаат за цел да го преобликуваат светскиот пазар, како и да и отежнат на Русија со приходите од нафтата да ја финансира војната против Украина.
Ограничувањето на цената од 60 долари за барел беше прифатено и од Г7 и од Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.