Шефот на британската дипломатија, Џејмс Клеверли, во интервју за Телеграф предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на армијата и покренување нови напади.

Путин всушност само го користи прекинот на огнот за да обучи повеќе војници и да произведе повеќе муниција и да ги обнови и да ги вооружи своите оштетени вооружени сили, посочи Клеверли.

Тој додаде дека треба да се биде внимателен ако мировните преговори бидат иницирани од Путин.

Според Клеверли, ако Русите користат каква било пауза во борбите како покритие за повторно вооружување, може да се појават дополнителни проблеми.

Тогаш ќе се случи повторно да ги видиме сцените на нови напади, но можеби за околу 12 до 18 месеци. Решението за ова мора да биде одржливо, мора да биде значајно, мора да биде реално. Она на што треба да внимаваме е паузата што Русија ја користи како начин да се осигура дека нејзината следна фаза на агресија е поефикасна од сегашната, истакна Клеверли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.