Легендарниот шаховски велемајстор Анатолиј Карпов, се наоѓа во болница. Тој е во кома откако паднал и се повредил во близина на руската Дума во Москва.

Карпов е пронајден без свест, а бил и во очигледна алкохолизирана состојба кога бил примен на интензивна нега во Одделението за реанимација на Институтот „Склифосовски“ во Москва.

Мојот татко е сериозно повреден откако имал пад. Во моментот е во вештачка кома“, објави неговата ќерка.

71-годишниот Карпов е поранешен светски првак во периодот од 1975 до 1985 година. Тој освои уште три титули во организација на ФИДЕ, во 1993, 1996 и 1998 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.