Руското признавање на суверенитетот на Народните републики Доњецк и Луганск го покажува неуспехот на политиката на санкции на западните земји во изминатите осум години, пишува францускиот весник „Ле Монд дипломатик“.

Според авторот на текстот, меѓународната антируска политика на санкции ја покажала својата неефикасност и опасност.

Спиралата на еднострани мерки сега се заканува да доведе до војна во Европа – заклучува изданието.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно истакна дека масовните ограничувања од Запад имаат за цел „да ги влошат животите на милиони луѓе“ и дека тие ги имаат сите знаци на агресија, војна со економски, политички и информациски средства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.