Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, на собир изјави дека сегашниот прв човек на САД, Џо Бајден ја понижува земјата.

Нашите деца се индоктринирани, нашите вредности се сквернавени, нашето наследство се брише, а нашата земја е понижена од претседател кој нема поим што, по ѓаволите, се случува –  порача Трамп.

Трамп им порача на своите поддржувачи дека сериозно размислува да се кандидира за реизбор во 2024 година.

Многу сум подобар вториот пат од првиот и сега можеби ќе треба да го повториме тоа и на изборите. Има ли некој овде што би сакал да ме види повторно да се кандидирам – ги праша Трамп приврзаниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.