Стотици милиони фунти на британските даночни обврзници и натаму завршуваат во рацете на компании што продолжуваат со работа во Русија, пишува „Индипендент“.
Британската Влада дури потпишала милионски договори со овие компании за време на веќе почнатата војна во Украина.
Според анализата на „Индепендент“, Велика Британија има тековни договори во вредност од околу 300 милиони фунти со 15 мултинационални компании што продолжуваат да работат со Русија.
Од министрите било побарано да ги прекинат врските со овие компании и да ги раскинат договорите.
Повеќе од 600 компании се повлекле од Русија од почетокот на војната, но 214 го задржале своето економско присуство во земјата, покажува студијата на Универзитетот Јеил.
Џек Лоу, соработник на програмата „Русија и Евроазија“ во Чатм хаус, цититран од „Индипендент“, вели дека „овие компании ефикасно ги убиваат ефектите од санкциите и го поткопуваат обединетиот одговор на Западот на војната“.
Украинската пратеничка Лесија Василенко предупредува дека „овие 15 компании, што сè уште работат во Русија и добиваат британски пари, индиректно ја финансираат воената машина на Владимир Путин“.
Станува збор за компаниите, регистрирани во Велика Британија: „Amgen“, „Bureau Veritas“, „Cipla“, „Cloudfare“, „EDF“, „Engie“, „Gideon Richter“, „HiPP“, „Legrand“, „Lenovo“, „Orano“, „Pilkington“, „Signify“, „ThyssenKrupp“, „Veolia“.
Некои од овие компании дури потпишале договори за време на војната. На пример, Министерството за одбрана на 23 март доделило договор за британската филијала на францускиот снабдувач со гас и електрична енергија „ЕДФ“ во вредност од околу осум милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.