Американските сили, со поддршка од разорувачи на европската команда на американската војска, уништија повеќе од 80 беспилотни летала и најмалку шест балистички ракети насочени кон Израел од Иран и Јемен во саботата и неделата, објави денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).
Во саботата вечер Иран изврши напад на израелска територија со беспилотни летала и проектили како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април, во кој беа убиени високи команданти на Револуционерната гарда.
Нападот со повеќе од 300 проектили и беспилотни летала, од кои повеќето лансирани од Иран, предизвика само скромна штета бидејќи најголемиот дел беше соборен од израелскиот систем за противвоздушна одбрана со помош на САД, Велика Британија, Франција и Јордан. „ЦЕНТКОМ и натаму ја поддржува одбраната на Израел од опасните акции на Иран. Ќе продолжиме да соработуваме со сите наши регионални партнери за да ја зголемиме регионалната безбедност“, соопшти американската војска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.