Американските воени сили за специјални операции ќе бидат трајно распоредени на тајванскиот остров Кинмен, пограничен остров на Тајван што се наоѓа на само 10 километри од Кина.

Како што соопштија претставници на американската војска, американските специјални сили ќе ги обучуваат елитните тајвански сили да го бранат островот и да водат герилска војна против потенцијална кинеска инвазија.

Овој месец, военото издание СОФРЕПО објави дека американските зелени беретки ќе бидат распоредени во Тајван како воени инструктори, според Законот за овластување за национална одбрана од 2023 година. Според таа одлука, американските специјви ќе бидат сместени во архипелагот Кинмен, на само десет километри од копното на Кина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.