Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, на почетокот на нејзината посета на Кина, го повика официјален Пекинг да влијае на создавањето еднакви услови за американските компании и работници, како и да се справи со вишокот производствен капацитет.
Јелен ја почна петдневната посета на Кина во еден од најголемите индустриски и извозни центри, а во пресрет на разговорите со високи кинески претставници ги презентираше американските ставови во однос на кинеските „нефер трговски практики“.
САД бараат здрави економски односи со Кина од кои имаат корист двете страни“, изјави Јелен.
Таа додаде дека Америка и Кина треба да имаат отворена и директна комуникација кога станува збор за меѓусебните несогласувања.
Јелен ќе се сретне со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг и гувернерот на централната банка и други претставници во јужниот град Гуангжу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.