Американската политичарка, Ерин Меј Квејд, доби труднички болки за време на нејзиниот говор на конвенцијата на нејзината Демократска партија.
Иако во деветтиот месец од бременоста, кандидатката за Сенатот на САД од американската сојузна држава Минесота, застана пред стотина луѓе.
Значи, ја чувте веста дека имам болки, нели!?, ја праша таа публиката откако дојде на подиумот, па многумина ѝ аплаудираа.
Ова е наш миг и ја градиме нашата иднина заедно. Да ја отклучиме моќната преобразувачка политика што значи дека можеме да помогнеме да се постигнат безбедни и стабилни заедници, да создадеме економски можности… И просперитетот и да ги заштитиме нашите граѓански и човекови права… И да ја зајакнеме нашата човечка и јавна инфраструктура… Жал ми е – изјави таа, паузирајќи поради контракциите…
По говорот, Квејд беше однесена в болница, каде што родила девојче – Хариет Блејк Меј Квејд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.