Вооружените сили на Белорусија, ненадејно почнале воени вежби со цел да се тестира борбената готовност, објави белоруската новинска агенција „Белта“.

Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека вежбите не претставуваат никаква закана за европската заедница во целина, а особено не за соседните земји.

Ќе се практикува доведување на единиците во борбена готовност, а целта е да се процени подготвеноста и способноста за реагирање на можни кризни ситуации – стои во соопштението.

Како што се наведува, силите вклучени во вежбата постепено ќе се зголемуваат, а големо внимание ќе се посвети на системите за поддршка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.