Едмунд и Едвард Хазири, браќа Албанци кои водеа голема операција за шверц на дрога во Лондон, беа уапсени во британската престолнина во 2022 година.
Албанците воделе големо казино за криминалци, каде влоговите се искачувале и до десетици илјади фунти дневно.
Однадвор нивното казино изгледало како обична берберница, која се наоѓа веднаш до продавница за половни апарати.
Сепак, зад затемнетите стакла и врати се наоѓало популарно казино каде дилерите на дрога и криминалците се коцкале со десетици илјади фунти додека ги служеле убави келнерки.
Браќата заработувале до 4.000 фунти дневно, а вработувале романски курири кои доставувале дрога во трите града.
Албанците живееле луксузен живот, возеле скапи автомобили, купувале Rolex часовници и носеле скапи брендови како Balenciaga, Louis Vuitton и Montclair.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.