Активисти за човекови права бараат САД да бидат отстранети од Комитетот за човекови права на ОН по мачната егзекуција на затвореникот Кенет Јуџин Смит во Алабама.

Претставници од САД, Русија, Австрија и Франција испратиле апел до генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш.

Како што изјавил Иван Мелников, потпретседател на рускиот огранок на Меѓународниот комитет за одбрана на човековите права, егзекуцијата била извршена со кршење на бројни меѓународни акти.

Тие користеа недокажан метод – азотна хипоксија, појаснува Мелников.

Извршувањето на смртната казна, првпат изведена со методот на азотна хипоксија, предизвика агонија на казнетиот кој делуваше дека е свесен додека „бесно се бореше на за живот“, а почина дури 10 до 15 минути по почетокот на егзекуцијата.

Активистите за човекови права велат дека егзекуцијата потесетува на употребата на медицински експерименти за убивање луѓе со отровен гас од страна на нацистите во концентрационите логори за време на Втората светска војна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.