Американскиот актер Бен Стилер се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кому му го пренесе своето восхитување за неговите постапки од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.
Ова е голем дел за мене. Ти си мојот херој, изјавил Стилер, кој е амбасадор на добра волја во Обединетите нации за време на состанокот со Зеленски и самиот поранешен актер.
„Она што го направивте, начинот на кој ја мобилизиравте земјата, светот, навистина е извор на инспирација“, изјавил 56-годишниот американски актер.
Имам впечаток дека е тешко да се разбере што навистина се случува овде. Утрово бев во Ирпин, гледате на телевизија, гледате на социјалните мрежи, но поинаку е кога навистина го гледате тоа и го чувствувате, а потоа разговарате со луѓето, му кажал Стилер на Зеленски.
Зеленски му се заблагодарил на Стилер за посетата и му кажал дека е многу важно да го потсети светот на она што се случува во Украина.
Нам ни е неопходно луѓето да не не заборават. Не е интересно да се зборува за војната секој ден, „но за нас тоа е многу важно“, кажал украинскиот лидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.