Јужна Германија и натаму е делумно парлаизирана од големиот снежен бран што ја зафати викендов. Аеродромот во Минхен кој вчера беше во застој, денеска е отворен иако со одредени ограничувања, а железничкиот оператор Дојче Бан успеа да активира неколку клучни рути надвор од минхенската централна станица, пренесува ДПА.
Аеродромот во Минхен продолжи со работа откако беше затворен поради обилните снежни врнежи. Сепак, ќе има ограничувања во воздушниот сообраќај, соопштија аеродромските власти. Од патниците се бара да го проверат статусот на нивниот лет пред да дојдат на аеродромот.
Приврмениот прекин на авиосообраќајот во Минхен влијаеше на полетувањата и пристигнувањата на други аеродроми. Дел од летовите беа преземени од аеродромите во Франкфурт и Нирнберг.
Обилните снежни врнежи во Баварија го парализираа и железничкиот сообраќај. Дојче Бан ги предупреди патниците да очекуваат огромни ограничувања на железничкиот сообраќај во јужна Германија до понеделник. На патниците им се советува, утре да ги одложат сите патувања, освен неопходните, бидејќи состојбата предизвикана од снежниот бран, се уште не е нормализирана.
Се прават напори за оспособување на пругата на линиите Минхен-Нирнберг и Минхен-Штутгарт.
Поради обилните снежни врнежи, возовите покриени со снег не можеа да тргнат, а дел од пругите беа блокирани од дрвјата кои се урнаа под тежината на снегот.
Од неверемот не беше погодена само Баварија. Снегот и мразот предизвикаа проблеми и во некои области во северна Германија.
Синоптичарите соопштија дека не се очекува нов снег во Баварија, но ќе го има во источните ниски планински масиви и на Алпите. Во понеделник и вторниќ ќе се задржат и ниските температури кои ќе се спуштат до -15 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.