Над сто летови од аеродромот „Шипхол“ во Амстердам денеска се откажани поради снегот кој во текот на попладневните часови пристигна во Холандија.

Околу пладне, веб-страницата на аеродромот во Амстердам покажа дека се откажани речиси 150 влезни и појдовни летови. Станува збор за европски летови.

Холандската авиокомпанија KLM, главниот корисник на аеродромот, изјави за холандската новинска агенција АНП дека откажала 65 европски летови во попладневните и вечерните часови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.