Рускиот аеродром „Пулково“ во Санкт Петербург привремено ги суспендираше сите летови, објавија градските власти на нивниот канал на Телеграм. Стопирањето траеше нешто повеќе од еден час.

Голем број домашни летови кои одеа за Санкт Петербург денеска се враќаа на местата од каде полетаа. Најмалку пет авиони на пат од главниот град Москва до Санкт Петербург беа вратени назад кон Москва откако првично кружеа во воздух.

Засега не се соопштува причината за прекинот на летовите. Рускиот информативен сајт База објави дека неидентификуван објект е забележан на небото и дека се испратени борбени авиони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.