Осумгодишно дете и маж (34) се ранети во престрелката што се случила вчера попладне во западниот дел на Лондон, а полицијата ги повикува очевидците да излезат за да ги расветлат сите околности на овој настан.
Пукањето се случило околу 17:30 часот во Кенсингтон, а девојчето и мажот, како и една жена се пренесени во болница со брза помош. Медиумите јавуваат дека девојката сега е во стабилна состојба.
Ова е страшен инцидент во кој две лица се тешко повредени, меѓу кои и едно дете, кое за среќа од утрово е во стабилна состојба, изјави Овен Реновден од полицијата.
Тој ги повика граѓаните кои биле во овој дел од градот во моментот на пукањето и виделе нешто веднаш да ги контактираат.
Дали синоќа околу 17 часот и 30 минути слушнавте пукотници? Дали видовте некој како бега од оваа област. Бараме секој што знае нешто за ова да не контактира, велат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.