Во Шпанија, 2022 година била најтоплата од 1916 година, од кога се достапни првите податоци.
Националната метеоролошка агенција (АЕМЕТ), посочува дека за првпат, просечната годишна температура надминала 15 степени Целзиусови и била речиси 15,5 степени.
Како што се наведува во извештајот, до 2011 година просечната температура никогаш не надминала 14,5 степени, а оттогаш тоа се случило пет пати. Пред 2022 година, двете најтопли години биле 2017 и 2020 година.
Агенцијата прецизира дека во ретроспектива ја утврдила просечната годишна температура помеѓу 1916 и 1961 година врз основа на изолирани мерења и статистички модели.
Како и другите делови на Европа, во 2022 година Шпанија беше погодена од неколку топлотни бранови во текот на летото, што исто така го одбележаа пожари, зголемена смртност и зголемено ниво на суша.
За првпат, две последователни сезони во иста година (лето и есен) беа најтопли по ред, соопшти шпанската метеоролошка агенција на 21 декември во привремениот биланс на состојба.
Според проценките за зголемена смртност од Институтот за јавно здравје, во летото 2022 година, смртта на речиси 4.744 луѓе во Шпанија може да се припише на горештините.
Според Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), во Шпанија, во 2022 година пожарите изгореле и повеќе од 300.000 хектари, што е најлош биланс од почетокот на мерењата во 2000 година.
Имајќи ги предвид врнежите регистрирани до 15 декември, ова е трета последователна најсушна година, се вели во привремениот биланс на шпанската метеоролошка агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.