Австриската полиција уапсила 16-годишно момче за наводно планирање напад на синагога во Виена, изјави највисокиот австриски функционер за безбедност.

Тинејџерот напиша на Интернет дека планира да земе оружје и да ја нападне синагогата, соопштил Герхард Карнер, пренесува Скај њуз.

Официјалните лица не го идентификуваа уапсениот малолетник, но рекоа дека тој живеел во близина на Штајр, во северна Австрија. Полицијата извршила претрес во неговиот дом и запленила неколку уреди за складирање податоци. При претресот пронајдени се фотографии и видео материјал со инструкции за изработка на бомби, оружје и муниција.

Австриските власти ја зајакнаа безбедноста на синагогите и другите еврејски и израелски институции поради порастот на антисемитските инциденти по конфликтот меѓу Израел и Хамас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.