Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека за службените патувања многу често користи нискобуџетни компании. Тој вели дека во услови на криза, мора да се рационализираат сите трошоци бидејќи тоа се финансиски средства на граѓаните и важно е да се вршат работите со најмал можен трошок.

Запрашан за коментар околу скорешните фотографии по социјалните мрежи од летовите за време на работните патувања во странство од нискобуџетни компании во интеврју за ТВ Канал 5 тој рече дека треба да се користат сите можности за да се одбере најповолната понуда за летање.

 Тоа не е ништо чудно, треба да ги користиме сите можности за да одбереме најповолни понуди за летање и во смисла на цена и во смисла на конекција. Многу често ги користам Изиџет, Визер, Рајанер итн., истакна Спасовски.

Одлуките кои се донесени од страна на Владата, додаде тој, се однесуваат на заштеди, и за тоа се поднесуваат извештаи.

Има извештаи во кои може да се увидат заштедите, дали е енергетска заштеда или некои други цели коишто ги поставуваме, рече министерот Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.