АД „Пошта“ заедно со својот партнер Халкбанка денеска ја промовираше новата услуга „Пошта поблиску до граѓаните“, која им овозможува на граѓаните од Општина Центар сите пратки кои не ги добиле во текот на денот, да си ги подигнат во просториите на зградата на поранешна „Нова Македонија“.

Во рамки на оваа мисија, генералниот директор на АД „Пошта“ Јани Макрадули денеска го најави и проектот „Моја адреса“, со кој сите вработени во министерства и државни институции во рамки на зградата на поранешна „Нова Македонија“, ќе може поштата да си ја подигнуваат во оваа зграда.

После „Пензиите до дом“, која ја почнавме со нашиот партнер „ХАЛКБАНКА“, денеска сакаме да информираме дека на граѓаните на Општина Центар доставна пошта станува пошта 14 или популарната „Нова Македонија“, односно сите граѓани од оваа Општина кога ќе добијат ливче каде што пишува 1114, сите пратки кои не ги добиле преку денот ќе може да ги подигнат во просториите на зградата на „Нова Македонија“, рече Макрадули на прес-конференција.

Според Макрадули, со оваа услуга се заштедува време, пари, а има и еколошка компонента.

Граѓаните од Капиштец или од овие маала не ќе имаат веќе потреба да одат до железничка станица, да бараат паркинг, да чекаат редови, а се грижиме и за здравјето бидејќи во гужвите ќе ги избегнеме непријатностите со Ковид пандемијата, додаде Макрадули.

На тој начин, како што рече, целта е и покрај другите доставни пошти, да ги дисперзираат пратките, и да се заштеди на време и пари, но и да не се користат возила, туку луѓе од Центар да ги подигнуваат пратките од најблиските локцаии каде што живеат.

Тој го најави и проектот „Моја адреса“ со кој, како што информираше Макрадули, луѓето кои работат во министерства и државни институции во рамки на зградата на поранешна „Нова Македонија“, ќе може поштата да си ја подигнуваат овде. Исто така, како пилот проект стартува и услугата сите вработени во „Ист Гејт“ да можат поштата да си ја подигнуваат во „Ист Гејт“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.