Општина Аеродром презема чекори за решавање на проблемот со паркинг просторот во Општината.

Со таа цел, градоначалникот Тимчо Муцунски, заедно со директорот на ЈП Градски Паркинг Бојан Христовски, направиле обиколка низ општина и разговарале за воведување на зонско паркирање на територијата на Општина Аеродром.

Ги поминавме сите критични точки за паркирање во нашата општина и се обврзавме дека ќе излеземе во пресрет на локалните жители. Токму затоа во наредниот период како Општина Аеродром планираме да преземеме конкретни чекори и спроведување анкета преку урбаните заедници односно куќните совети/управителите на станбените објекти кои не се опфатени со зонското паркирање. Доколку граѓаните се изјаснат дека сакаат зонско паркирање тогаш ќе воведеме на повеќе места како Стар Аеродром и Ново Лисиче.

 

Освен воведувањето зонско паркирање планираме да почнеме и со имплементација на она што го ветивме во предизборната кампања, воведување на косо паркирање што ќе обезбеди уште поголем број на места за паркирање.

 

Еден од најголемите проблеми на аеродромци е паркинг просторот и заедно со ЈП Градски Паркинг ќе изнајдеме решение кое ќе биде прифатливо за сите – информира Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.