По стапувањето на функција на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, за краток период беше расчисти најголемата депонија, којашто се наоѓаше во Ново село, а општинските служби почнаа да расчистуваат три нови депонии.

Во координација со Град Скопје, механизацијата е веќе на терен и се собира отпадот расфрлан кај индустриската зона на „Шарпланинска“.

Продолжуваме со реализација на расчистување на дивите депонии на повеќе локации во општината со поддршка на Град Скопје и јавните претпријатија. Расчистуваме во делот на индустриската зона на Шарпланинска, по што ќе продолжиме и на депонијата во Орман и во Хром на кејот на реката Вардар. Ѓорче станува чиста општина – вели градоначалникот Стојкоски.

Од општината информираат дека и во иднина ќе се посвети време за расчитување на сите депонии затоа што претставуваат потенцијална опасност за здравјето на населението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.