Деновиве заврши реконструкцијата на основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром. Проект, кој целосно се реализираше со средства првично планирани за кабинетот на градоначалникот, кои беа пренаменети за овoj проект по инацијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски.

Ветив дека ќе работиме поинаку и на дело го покажуваме тоа. Реализираме проекти кои за дечињата значат многу. Сега родителите веќе не треба да водат грижа, затоа што дечињата ќе учат во модерни и реновирани простории. Откако беше обновена фасадата на училиштето и извршена оваа реконструкција, важно е дека до крајот на оваа година планирано е да започне и доградба на училишната зграда. Со тоа, ќе го зголемиме капацитетот на училиштето и ќе обезбедиме подобри услови за реализација на училишните активности“, истакна градоначалникот при посетата на основното училиште.

Инвестицијата во висина од 30 илјади евра, средства целосно обезбедени од буџетот на Општина Аеродром, опфати санација и реконструкција на дел од училишната зграда, реконструкција на училницата за дневен престој, санација на санитарните јазли, промена на вратите и промена на подот во дел од училниците.

Со овој проект уште еднаш покажавме дека инвестициите во објекти наменети за децата се исклучително важни. Сите механизми на општината се ставени на на располагање за дечињата да спортуваат и рекреираат во модерни објекти каде има соодветни услови за нивен раст и развој. Новиот начин на управување, одговорното и транспарентното работење и пренамената на непродуктивните трошоци кон проекти за нашата иднина се уште еден доказ за нашата намера да го направиме Аеродром поубава општина за сите генерации, велат од општината.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.