Синоќа полициски службеници од СВР Скопје почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата.

Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен град во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу ул. „Народен Фронт“ и ул. „Васил Ѓорѓов“, пекара „Силбо“, Порта Македонија итн.

Покрај тоа беа спроведени и сообраќајни контроли при што беа преземени соодветни мерки од Законот за безбедност на патниот сообраќај долж ул. „Народен Фронт“, ул. „Орце Николов“ и ул. „Боемска“.

Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.