За 14.45 часот закажана е нова вонредна седница на Советот на град Скопје за одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра и исплата на декемвриската плата, соопшти претседателот на Синдикатот во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје Миќо Стојановски пред вработените кои од претпладнето пред просториите на град Скопје чекаат исход за одлуката за субвенционирање на ЈСП и исплата на платата.

На седницата на Советот на Град Скопје што се одржа претходно денеска, одлуката за субвенционирање на ЈСП не беше усвоена поради недоволен број гласови, односно не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Тринаесет беа воздражани, а ниту еден против.

Не помина за еден глас. Веројатно во меѓувреме се јавил некој што му е криво што сите овде мрзнеме и ќе мрзнеме, а јавен градски превоз ќе нема па сака својата воздржаност да ја преточи во гласање „за“. Затоа вработените остануваат тука и ќе ја чекаме дополнителната вонредна седница и тогаш ќе бидете присутни и вие и ќе знаете што ќе се случува, изјави Стојановски, најавувајќи дека ќе нема јавен градски превоз ако нема нова седница на Совет на Град Скопје.

Јавниот градски превоз во Скопје е во прекин од 9 часот изутрина поради неисплатена плата за минатиот месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.