Општина Кисела Вода ја продолжува возобновената традиција за положување на Светиот Крст во осветените води, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот ,,Расадник”, во петок на 19-ти јануари 2024год. И оваа година, манифестацијата започнува од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30 часот, од каде градоначалникот Ѓорѓиевски со Богојавленска литија заедно со верниците и свештенството ќе се упатат кон базенот во Расадник. Осветувањето на водата и положувањето на Светиот Крст ќе се случи во 11:00 часот, а за најсреќниот учесник се обезбедени награди од градоначалникот и од повеќе спонзори.

– Со огромно задоволство сакам да ве информирам дека ја продолжуваме возобновената традиција за положување на Светиот Крст во осветените води, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот ,,Расадник”, во петок на 19-ти јануари. И оваа година, манифестацијата ја започнуваме од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30, од каде со Богојавленска литија заедно со верниците и свештенството ќе се упатиме кон базенот во Расадник. Осветувањето на водата и положувањето на Светиот Крст ќе се случи во 11:00 часот.

За најсреќниот учесник што ќе го извади Богојавленскиот Крст од водите e предвидена парична награда од мене како градоначалник, како и награди обезбедени од спонзори.

Ве поканувам сите да земеме масовно учество на овој преубав настан, на Богојавленската литија и да бидеме дел од продолжувањето на нашата возобновена традиција, сплотени и духот на христијанските вредности да си го прославиме овој убав и голем празник. Традицијата која ја започнавме пред две години продолжува и ќе остане аманет за идните генерации-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до четврток, 18.01.2024, 18 часот, на телефонскиот број: +389 78207687 (Далибор). Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.