За хаосот во ЈСП одговорен е директорот од СДС и нивниот коалиционен Данела со која заедно изгубија избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС се единствено одговорни за хаосот во ЈСП. Директорот на ЈСП е нивен партиски активист, тој гордо се слика во нивниот централен штаб. Данела Арсовска е коалиција на СДС. Тие водеа еден фронт против ВМРО-ДПМНЕ кој беше катастрофално поразен на изминативе избори. Има уште една работа која ќе ги спојува СДС и Данела Арсовска во иднина. И СДС и партијата на Данела Арсовска за која никој не знае како се вика ќе немаат пратеници во Собранието, затоа што ги уништија и Скопје и Македонија. И Скопје и Македонија ќе се кренат на нозе, ќе има раст и развој, без Арсовска и без СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.