Оваа година повеќе нема да се грижите за платите, парите утре ќе ви легнат на вашите сметки“.
Со овие зборови градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера попладне им ја соопшти информацијата на вработените во ЈСП Скопје, кои го чекаа исходот од втора вонредна седница на Советот.
Сепак, според информациите до кои дојде „Плусинфо“ од вработените во ова јавно претпријатие, денеска и по 15:30 часот нема пари на нивните сметки.
Плата и денеска нема, никој не се грижи за нас, едноставно не ги интерсира што ние немаме дома леб да донесеме, банките едвај чекаат да плаќаме казнени поени за кредитите. Навистина е срамота ова што го прават со нас вработените, велат за „Плусинфо“ неколкумина вработени во ЈСП.
Вработените во ЈСП кои вчера беа пред бараките на Град Скопје дури негодуваа дека ќе почнат да возат без разлика каков ќе биде исходот на двете вонредни седници на Советот, велејќи дека нема да седнат зад волан додека парите не ги видат на нивните сметки.
Сепак, во договорот меѓу директорот на ЈСП Крсте Петревски и двајцата претставници на синдикатите, Миќо Стојановски и Африм Муча, вчера беше одлучено автобусите на ЈСП да се вратат во сообраќај од 17 часот, а веќе од денеска тие нормално да сообраќаат од 4:45 часот, при што им беше гарантирано дека плата ќе има во текот на денешниот ден.
Засега нема точна информација зошто доцни платат на вработените во ЈСП Скопје и не е познато дали тие ќе ја добијат во текот утрешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.