Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврда за улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија. Компанијата во изминатиот период реализираше повеќе хуманитарни проекти организирани заедно со Црвен крст на Град Скопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот за трансфузиона медицина.
Вработените на компанијата, како главни амбасадори на доброто дело, и овојпат несебично го дадоа својот придонес и се вклучија во сите хуманитарни акции на „Алкалоид“, доследно претставувајќи ги компаниската култура и посветеноста. Во духот на човековата солидарност, постигнати се одлични резултати во донаторските акции, на кои тие се особено горди: собран е речиси 1 тон донирана облека која не им е потребна, но која е зачувана и која сѐ уште може да се користи, и речиси 1 тон храна за подготовка на пакети со храна – донации наменети за ранливите категории и за социјално загрозените семејства, за да се помогне за полесно справување со секојдневните предизвици со кои се соочуваат.
Особено радува продолжувањето на веќе воспоставената соработка со Црвен крст за крводарителски акции, која резултираше со собрани 340 единици крв во двете акции спроведени оваа година, бројка која зборува за големата мотивираност на вработените, но и за индивидуалната и за колективната општествена одговорност кои беа манифестирани преку чинот на крводарување.
Зацврстувајќи го имиџот на партнер на општеството посветен на поттикнување значајни промени и на остварување позитивно влијание, „Алкалоид“ континуирано ги исполнува своите заложби за општествено одговорно однесување и преку конкретни проекти и позитивни примери ќе продолжи да дава активна поддршка за заеднички иницијативи кои имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната свест и одговорност спрема заедницата.
Комерцијален текст
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.