Скопје е на 7. место на ранг-листата според загаденоста на воздухот. Тоа го покажува  утринското рангирање на познатата интернет страница за мерење на загаденоста на воздухот во светските метрополи Iqair.com.

Се наведува дека концентрацијата на штетните ПМ2,5 честички е 70 единици на метер кубен воздух, а на ПМ10 честички – 91,7 единици.

Воздухот е нездрав. Тоа е концентрација на ПМ2,5 честички којашто е за 14 пати поголема од годишната вредност на Упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација, пишува во објавата на страницата.

Индексот на квалитетот на воздухот во Скопје е 158, при што е најголемо загадување со концентрацијата на ПМ2,5 честички.

Препорака до граѓаните е да носат заштитни маски, да не отвораат прозорци и да не возат велосипеди.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.