Вкупно 37 возачи на автобуси успешно ги завршија тридневните обуки во скопскиот хотел „Континентал“. Веќе в среда тие ќе отпатуваат за Кршко, Словенија, каде ќе полагаат за „КОД 95“, кој им е потребен за да возат во Европската Унија. Германска компанија од Мајнц веќе има договорено 168 возачи на автобуси од Македонија.

Екипата на Плусинфо денеска ја посетивла обуката. Предавачот Далибор Млаѓеновиќ, од српската компанијата „КОДА 95“, ил ангажиран да ги обучи возачите за успешно да ги поминат тестовите.

– Мислам дека имавме успешни три дена тука во Скопје. Групата ја подготвуваме за полагањата за „КОД 95“ во Словенија. Секој од возачите ќе има 1,5 часа возење автобус и мислам дека тој дел ќе го поминат без проблем, бидејќи се луѓе со големо искуство. Во обуката посветивме внимание на теоретскиот дел, бидејќи европските регулативи за возачите се посебни и се разликуваат од ие на Балканот. Откако ќе положат, возачите ќе го добијат посакуваниот код и потоа ќе можат да заминат за Германија – изјавил Млаѓеновиќ за Плусинфо.

Тој ни рече дека е изненаден од фактот што германската компанија, чие име на Плусинфо му е познато, успеала одеднаш да договори толку многу возачи на автобуси, бидејќи досега работел со помали групи од 20 до 30 возачи.

Како што објаснил тој, во разговор со кандидатите дознал во каква состојба е во ЈСП „Скопје“ и разбрал 120 до 130 возачи се токму од ова јавно претпријатие.

– Нормално е кога луѓето не се задоволни со условите за работа, да си ја побараат среќата на друго место. Како што ми кажаа некои од возачите, платите им се помали од 500 евра, а и тие им доцнат. Работат дополнителни часови кои треба да им се платат, но бидејќи немало пари, им давале слободни денови, кои потоа не можат да ги искористат, затоа што нема кој да вози. Луѓето се разочарани, треба да мислат на своите семејства. А како што можете да видите и самите, повеќето се сериозни луѓе и се одлучуваат на ваков радикален чекор. Речиси 90 проценти од нив велат дека следниот чекор, доколку успеат да се вклопат во новата средина, е да ги повлечат и своите семејства – додава Млаѓеновиќ


Целиот текст на Плусинфо


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.