Колку е штетен по здравјето отпадот од оловна згура околу 500 –тини тони складиран на приватен имот во скопско Орман близу реката Лепенец ќе се знае најдоцна во вторник. Во тек се хемиските анализи на примероците земени од топените акумулатори и батерии пред неколку дена од страна на Инспекторатот за животна средина.

Иако првично работите упатуваат во таква насока дека се работи за опасен отпад. Сè ќе биде познато до понеделник, вторник кога и официјално ќе дадеме изјави. Она што засега се знае според информациите од Државниот инспекторат е дека таму се работело надвор законите. За тоа ќе има и пријави и нема да дозволиме такви прекршувања. Документацијата ја прегледуваат и од Инспекторатот и ние како министерство проверуваме со кои дозволи располага компанијата, рече министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

За опасниот отпад алармираше овластен инспектор за животна средина од Ѓорче Петров кој ја лоцирал големата количина на оловна згура на посочената локација на 10-ти месецов.

Од Општината посочија дека на нивна територија не постоиу фирма со А –интегрирана дозвола што преработува ваков тип отпад.

Дека спаѓа во класата опасен потврдија и од Инспекторатот за животна средина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.