Вчера започна асфалтирање на улицата „Столтенбергова” пред Градскиот стадион, соопшти утрово градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, додавајќите дека улицата е опфатена во меѓуопштинската соработка со Градот Скопје и Општина Центар со што асфалтирањето го работи ЈП „Улици и патишта“.

Со асфалтирањето на овој потег практично се изедначува целиот круг околу градскиот стадион со што се доби целина земајќи го фактот дека таму имаше навистина оштетена и дотраена калдрма. Општина Центар ќе продолжи да вложува во инвестиции во инфраструктурата со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот, вели тој.


Јавноста остро реагираше за ненајавеното отстранување на калдрмата и бараше објаснување зошто таа не беше реставрирана и обновена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.