Новата година се ближи, а Скопје е пусто. Градоначалничката Данела Арсовска одбива да одговара на прашањата на новинарите кога ќе почне китењето, ниту какво ќе биде. Вели ќе каже на прес-конференција, за која не кажува кога ќе биде. Ни на новинарите. Истовремено, нема ни најава за новогодишната програма, дали ќе ја има и кој ќе ги забавува луѓето на 31 декември. На повидок нема ни една дедомразовска бела брада за најмладите.
Сè заедно, Скопје не наликува на главен град кој сака да привлече домашни и странски туристи.
Единствено кафулињата и продавниците придонесуваат за празничното расположение со накитените украси. Деновиве, пригодно е осветлен малиот сквер во Дебар Маало каде што е поставен споменикот на Горан Стефановски.
Минатата година, Градот почна да се кити на 16 декември. Тогаш, пресно дојдената на функција градоначалничката Данела Арсовска го раскина договорот со компанијата „Линк медиа“, која требаше да го украсува потпишан од Петре Шилегов. Според неа, непотребно скапо ќе чинело таквото украсување, а со тие пари можело да се купат сопствени украси за секоја година. За да не остане пусто, од компанијата бесплатно накитија дел од Центар.
Една година подоцна не се знае дали лампионите се купени, зошто од Градот не кажуваат, но според податоците од Бирото за јавни набавки, таква набавка не е спроведена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.