Екипите за зимско оддржување во општина Бутел, заедно со општинскиот кризен штаб од рано утрово се на терен.

Навремено се исчистени сите критични места во општината како и главните улици, сите споредни улици во сите населни места со цел непречено одвивање на сообраќајот.

Тимови од Општина Бутел работат на расчистување на сите пристапни патеки до градинките, банките, аптеките и тротоарите.

 

Општина Бутел ќе ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање – информира градоначалникот Дарко Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.