Денес во јавноста беше отворена темата за склучени договори за улично осветлување од страна на оштина Гази Баба за која градоначалникот Бобан Стефковски беше повикан да се произнесе.
Попладнево, градоначалникот Стефковски на својата официјална страна на фејсбук по ова прашање го истакна следниот став:
Денес во јавноста е отворена темата околку трошењето на средствата од буџетот на општина Гази Баба по однос на уличното осветлување во која и јас како градоначалник сум повикан да се произнесам. Вистината е следна:
Точно е дека општина Гази Баба на 19.05.2021 година имала склучено два договори за оддржување на уличното осветлување и еден договор за изградба на нови линии во висина од 11.000.000 денари.
Точно е дека економскиот оператор со кој општината ги имала склучено договорите на 30.08.2021 година, 103 дена по склучување на истите доставил известување дека средствата во висина од 11.000.000 денари по сите три склучени договори се реализирани.
Нејасно е како за само 103 дена се потрошени 11.000.000 денари, за таа цел на 05.01.2022 година формирав комисија која ќе спроведе теренска ревизија, односно ќе направи споредба на фактичката состојба на терен и работите фактурирани до општината.
Постапката е во тек и веднаш по добивање на извештајот истиот ќе го ставам на увид на јавноста.
Граѓаните имаат право да ја знаат вистината бидејќи парите во буџетот на општината се пари на граѓаните” – напиша Стефковски


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.