Заевизмот испумпувал и испумпува народни пари во џебови на партиски функционери на СДСМ. Адвокатското друштво на Миле Зечевиќ, десната рака на пиунот Ковачевски добил над 1,8 милиони денари од Градот Скопје, Пробиштип и Неготино во изминатиот период, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова значи дека наместо за проекти во интерес на граѓаните, парите завршувале кај Миле Зечевиќ, актуелен генерален секретар на СДСМ. Очигледно дека во Македонија нема други адвокати, па народните пари завршувале кај Зечевиќ и кај Калевска Ванчева и други адвокатски друштва блиски до СДСМ. Ова е потврда дека методот на заевизмот кој го гледавме во Струмица, се проширил како канцер и во другите општини под власт на СДСМ, но и на централно ниво, истакнуваат од партијата.

Заевизмот ја има заразено СДСМ, но пострашно е што надлежните институции молчат и ги штитат ваквите злоупотреби, додаваат од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.