Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека за банкротот на ЈСП единствено одговорни се директорот на ЈСП кој е од СДСМ и градоначалничката-портпарол на СДСМ, Данела Арсовска.
Директорот на ЈСП јасно дека е кадар на дезертерот Ковачевски, а нов портпарол на таа партија е Данела Арсовска.
Факти за кои ниту СДС ниту Арсовска имаат одговори:
1. Владата на СДС и ДУИ на ЈСП му должат 2 милиони евра. Клинички центар управуван од министерството за здравство водено од ДУИ ми должи на ЈП Водовод и канализација 2 милиони евра. Пред министерство за здравство портпаролот на СДС Арсовска нема протест.
2. Градот Скопје пак на ЈСП му должи пола милион евра. Никој од раководството на ЈСП водено од кадар на Ковачевски не протестира пред седиштето на градот Скопје.
3. Целата ситуација е театар во кој Арсовска се профилира како продолжена рака на СДС додека работниците трпат и се случува девастирање на сите јавни претпријатија.
Портпаролот на СДС да си поднесе оставка! – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.