„Васко Карангелески“, не е улица, кланица е, избегнувајте ја! Ваков аппел се шири на социјалната мрежа „Фејсбук“, откако за само неколку дена се случи втора сообраќајна незгода.

Улицата се наоѓа во скопската населба Аеродром и граѓаните уште додека се градеше протестираа.

Апел до сите возачи, пешаци и родители – избегнувајте ја Васко Карангелески додека не се исправат сите неправилности. Апел до властите – затворете ја улицата додека не настрада некое дете! Град Скопје, oва не е булевер, ова не е ни улица, ова е КЛАНИЦА ❗
Со што заслуживме ваков инженерски кикс на 20 метра пред училиште? Втора (евидентирана) сообраќајка во само неколку дена. 🙁 Ве молам, СПОДЕЛУВАЈТЕ и давајте идеи како да побрзо го средиме овој хорор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.