По реакција од чуварските служби на Град Скопје дека во Градскиот парк вчеравечер нема улично осветлување, надлежните градски екипи веднаш излегоа на терен во увид и во рок од 15-тина минути го санираа проблемот, информираат од Град Скопје.

При увидот утврдено е дека непознати сторители насилно ги отвориле кутиите (орманчиња) за електрична енергија кај ЗОО Скопје и во близина на споменикот на Гоце Делчев, а осигурувачите биле исклучени. По истото е веднаш постапено и беше вклучена електричната енергија за осветлувањето на Градскиот парк, информираат оттаму.

Додаваат дека Градот Скопје остро ги осудува ваквите дејствија.

Апелираме до граѓаните да не се врши насилно отворање на ормарите за електрична енергија, затоа што со тоа се доведува до опасност мрежата за електрична енергија и се загрозува безбедноста на посетителите на Градскиот парк. Службите во Градот Скопје по повод овој вандализам го известија Министерството за внатрешни работи, се надеваме на соодветно постапување од страна на надлежните институции, велат од Градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.