В недела (25.12.2022) во месноста Говрлевска Краста (на јужните падини на Водно), во рамките на годинашната прослава на Бадник традиционално ќе биде организирана средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2023 што по 31 пат го организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.
На скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6 јануари на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче,во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик.
Средба е точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче (први ќе го направат тоа кумовите и здравичарот Мојсо Мојсовски и Марко Илковски Јуниор и Иве Стевков, Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот кум и здравичарот, потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата. Следуваат изјави за медиумите, а потоа е слободна дружба со песна и игра во прекрасниот амбиент и на чист воздух, на само 20 километри од загаденото и зачадено Скопје, со пржена риба, со чаша пиво, вино и сок.
Локацијата на настанот многу лесно се наоѓа – се врти десно од патот за Драчево кон Батинци (кај мостот на Маркова Река) се до крстосницата, за Езерото Козјак и ХЕЦ Матка – Света Петка).
Членови на одборот ќе ги пречекаат ВИП гостите и сите заедно организирано ќе тргнат кон Краста триесетина минути пред 12 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.