Автобусите со броевите 19, 20, 52, 54 и 22 од утрово не превезуваат патници, поради што жителите кои ги користат услугите на приватните превозници од Шуто Оризари, Ржаничино, Волково и Колонија Идризово останаа без превоз.

Од „Макекспрес“ велат дека автобусите не превезуваат патници поради неможноста на возачите да ги покријат дневните трошоци за гориво, кои се појавија како последица на нередовнста исплата од страна на Град Скопје односно ја ЈСП „Скопје“ за услугата кои тие ја вршат.

Во моментот ЈСП „Скопје“ ни должи 30 милиони денари. Ние немаме средства за да ставиме гориво во возилата и поради тоа нашите автобуси од утрово не превезуваат патници, истакна Милорад Димитриевски од „Макекспрес“ кој потенцираше и дека и покрај најавите од нивна страна дека од утрово нема да возат нивните автобуси сепак до сега немало никаква реакција од Град Скопје за надминување на овој проблем кој трае подолг временски период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.